Се подготвуваат нови измени на Кривичниот законик

Новиот министер за правда, Игор Филков бара начин како да се поправи поправи штетата предизвикана од претходната власт со носењето на контроверзните измени на Кривичниот законик со кои застареа кривични дела сторени од функционери.



Филков на брифинг со новинарите, информираше дека ќе се формира нова работна група, која ќе подготвува нови измени на Кривичниот законик, по скандалозното носење на измените на овој Закон од страна на претходната власт беше избришан ставот 5 од членот 353 на Кривичниот законик.

Со ова СДСМ и ДУИ, ги намалија казните за  кривичните дела како што се злоупотребата на службената положба и овластувања и злосторничко здружување, со што за дел од судските постапки против функционери запреа, а дел застареја.