Се вршат претреси и се апси на повеќе локации низ Скопје

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат акција на повеќе локации.



Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) потврди дека се лишени од слобода повеќе лица

-По наредба на обвинител од ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Може да потврдиме дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога“,се вели во информацијата од ОЈО ГОКК.

Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавија дека ќе има во текот на утрешниот ден.