Се враќа ли старата цена на осигурителните полиси – ќе пресече Владата?!

В понеделник владината комисија при Министерството за финансии за автоодговороност ќе одлучува за новата цена за осигурување на возилата. Според неофицијални информации, поскапувањето за 15% кое го донесе Нациналното биро по барање на осигурителните компаниии – комисијата при ресорното министерство ќе го поништи, со што се очекува да се врати старата цена. Според неофицијални владини извори, утре ќе се постигне договор за враќање на цените, а вторник предлогот ќе се најде на владина седница. Проблемот ќе се реши преку донесување на нов тарифник.



Од четвртокот цените на осигурителните полиси за автомобилите се повисоки за 15 отсто со што поскапува регистрацијата на возилата. Овие цени се однесуваат на автомобили со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за возилата со моќност до 44 киловати останува иста.

Претходно реагираа и од Агенцијата за супервизија на осигурување од каде посочија дека зголемувањето на цената е неорпавдано. Од Националното биро за осигурување пак велат дека цената на авто-осигурувањето е непроменета од 2008 година, и според нив, поскапувањето на осигурителните полиси е реално, поради како што велат – повисоките цени на автомобилите и резервните делови.