Се вози без поголеми проблеми во и околу Скопје, надлежните на готовс

Цела Македонија е под снег. Улиците во главниот град се делумно проодни, но оние помалите и споредните се затрупани со снег. Од Македонија пат велат дека со целокупната механизација и работна сила се на терен и во континуитет ги расчистуваат патиштата. На повеќето магистрални и регионални патишта, механизацијата на ЈП „Македонијапат“ и нивните соработнички компании работат на расчистување, фрлање сол и песок за да ги подобрат условите за сообраќај.



Околу 3,5 милиони евра се досега потрошени за чистење на патиштата и улиците од снег и мраз, но оваа сума допрва ќе расте поради тоа што дури 13 тендери се уште не се спроведени, најчесто поради доцна почнатите постапки. 

Сепак, од ЈП „Македонијапат“ апелираат до возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот, бидејќи коловозот е влажен и може да биде лизгав. 

А сенг ќе врне и во наредните денови. Ќе биде многу студено, велат од УХМР. Во среда, ќе биде најстудено, со температура до -10°C.

Од брза помош барем за сега немаат многу повици, бидејќи граѓаните ги почитувале мерките, и не излегувале надвор ако навистина немаат потреба. Очекуваат повеќе повиќе повици деновиве.

А граѓаните се среќни што конечно падна снег. Но се и внимателни оти веќе се е речиси замрзнато.

АМСМ предупредува на зголемена претпазливост при возење, особено на критичните патни правци. Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража, Страцин, Делчево. Се препорачува и внимателност при патување, особено на планинските премини и на патиштата кои минуваат низ клисури, каде што може да има појава на одрони.

Возачите се повикани да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат со соодветна брзина за да се избегнат несакани ситуации на патот. Надлежните уверуваат дека се на готовс, и ако врнежите се засилат и се појави голомразица, камионите ќе бидат исклучени од сообраќај.