Најголемиот камен што го имаше Скопје на патот на евроатлантските интерграции – спорот со Атина околу името на државата – наскоро би можел да биде отстранет од патот. Сè уште не е сигурно дека Грција ќе го прифати влезот на северниот сосед во НАТО под меѓународно признаеното име Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), но по промената на власта во Скопје, односите секако се опуштени.
Даниел Сервер, американски експерт за Балканот од Вашингтонскиот универзитет „Џон Хопкинс“, верува дека Европската унија и САД треба да сторат повеќе спорот за името да се реши веднаш на основа на Времена спогодба од 1995 година.
Според него, на Македонија треба да ѝ се дозволи да се приклучи на Алијансата под привременото име БЈРМ. Ова подоцна беше потврдено и од страна на Меѓународниот кривичен суд.
„Европејците и Американците треба да ѝ кажат на Грција да го прифати тоа“, вели за Дојче веле Даниел Сервер.
На Твитер Сервер напиша: „Јас не се согласувам дека некој треба да го смени своето име или идентитет. Моја грижа е да се внесе Македонија во НАТО. Тоа може да се направи без каква било промена“.





