Поделениот американски Сенат денес го отфрли најновиот обид да бидат укинати серија церини воведени од претседателот Доналд Трамп.
Ова дојде неколку часа откако федералната влада објави дека економијата се намалила за прв пат по три години поради хаосот од царинскиот режим.
На 2 април, Трамп прогласи „Ден на ослободување на американската индустрија“, најавувајќи воведување царина од 10 проценти за целиот увоз и дополнителни високи царини за производи од земји со големи трговски суфицити со САД, вклучувајќи ги Кина, Мексико и Канада.
Овие мерки предизвикаа силни реакции од трговските партнери и доведоа до одмазднички тарифи, дополнително дестабилизирајќи ги глобалните пазари.
Во првиот квартал од 2025 година, американската економија забележа пад на БДП од 0,3%, што е прв пад за три години.
Аналитичарите истакнуваат дека овој пад е резултат на зголемениот увоз пред да стапат во сила царините и намалените владини трошоци, што дополнително го влоши трговскиот дефицит и предизвика загриженост за можна рецесија.
И покрај економските предизвици, администрацијата на Трамп продолжува да ја брани царинската политика како средство за заштита на американската индустрија и работни места, додека критичарите предупредуваат на негативни последици за потрошувачите и глобалната трговија.






