Филипинскиот боксер Мани Пакјао доживеа тешок пораз во Бризбејн по што ја загуби титулата во велтер категорија во ВБО верзијата. Тој пред 55 илјади гледачи на поени загуби од Австралиецот Џеф Хорн. По 12 рунди сите тројца судии гласаа во корист на Хорн иако извештаите велат дека Мани бил за неколку класи подобар и дека домашниот биксер едвај го дочекал крајот на борбата на нозе. Пакјао спортски го поденесе поразот, но веднаш побара реванш на крајот од годината.



39. годишниот Пакјао кој од лани е сенатор во Филипнскиот парламент има 68 борби во кариерата, а синоќешниот му беше 7 пораз.