Четири претставници на републиканците во американскиот Сенат вчера, на вториот ден од падот на берзите, изразија поддршка за нацрт-законот според кој воведувањето нови царини треба да го одобри Конгресот.
Во Сенатот моментално има 53 републиканци, 45 демократи и двајца независни сенатори.
Тие го поддржаа предлогот што во четвртокот го претставија републиканецот Чак Грасли од Ајова и демократката Марија Кантвел од Вашингтон.
Нивниот предлог-закон треба да ги укине новите тарифи во рок од 60 дена, освен ако двата дома на американскиот Конгрес конкретно не ги одобрат.
Економистите предупредуваат дека американскиот претседател ризикува рецесија, но Белата куќа вели дека царините за увезената стока ќе поттикнат инвестиции во домашното производство.







