Села: Собраниската комисија за социјална политика e наша! – Не се откажуваме од Илире Даути, ја предлагаме пак како претседателка!

„Во Собранието беше прифатено само барањето за отповикување на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути, која беше поднесена од партијата Левица, поради блокирањето на Законот за ‘бранители’. Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на партиската средба во Гостивар кажа дека, наспроти опструкциите, Илире Даути ќе биде повторно кандидатка за претседателка на таа комисија.“ – објави ТВ Клан Македонија во својата информација со наслов „Собраниска Комисија за социјална политика / Села: Не се откажуваме од нашите луѓе – повторно ја предлагаме Илире Даути!“.



Телевизијата објави:Илире Даути ќе се врати повторно во парламентарната Комисија за социјална политика. Ние не се откажуваме од луѓето, кои ќе ги избереме. Илире Даути е таму избрана со гласот на Албанците. Таа комисија ѝ припаѓа на Алијансата за Албанците и ако треба ние да предложиме повторно кандидат за во таа комисија, него веќе сме го предложиле, а тоа е Илире Даути повторно.“ – изјави Зијадин Села на средбата во Гостивар.

„На таа средба Илире Даути нагласи дека ќе постапува на ист начин во таа комисија.“

„Во меѓувреме, партијата Левица, која го имаше поднесено барањето за отповикување на Илире Даути, порача преку свое соопштение дека очекува денес, на 13 јануари 2024 година, собраниската Комисија за избори и именувања да испрати барање

 до парламентарната група на Европскиот фронт кој ќе ја замени Илире Даути како претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.“

„Според Левица, ако не се случи тоа, тогаш споменатата комисија ќе мора да реагира и Илире Даути да биде итно разрешена, со цел, како што тврдат од Левица, за да се деблокира законот за ‘бранителите’.“