Села се закани со „формирање дводомен парламент“, „потсетувајќи“ на „идејата за реорганизација на државата“ на Таравари!

„Зијадин Села кажа во Кичево дека Европскиот фронт е создаден, за да им се каже ‘стоп’ на мрачните умови на реалните противници, кои ги има овој Фронт, а тоа се ВМРО ДПМНЕ и Левица!“објави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: Села посочи дека Европскиот фронт им вели ‘не’ на оние, кои сакаат да го отстранат бадинтеровиот механизам, и додаде дека се подготвени да разговараат за овие механизам , но да го унапредат, а не да го вратат назад. Тој нагласи дека ќе формираат и дводомен парламент, ако е потребно. Според него, ВМРО ДПМНЕ нема да добие 60 пратеници, туку 48, или и уште помалку.

„Европскиот фронт им вели ‘не’ засекогаш воопшто на сите оние, кои се залагаат да го отстраниме бадинтеровиот механизам, кој е предвиден како заштитен механизам за народите, што не се мнозинство. Фронтот е подготвен да разговара за овој механизам, но да се унапрреди, а не да се врати назад.“