Села попушти – останува во влада

На денешниот состанок на Централното собрание на Алијансата на Албанците што се одржа во Гостивар, највисокото партиско раководство усвоило став да остане во сегашната владејачка коалиција.



Лидерот, Зијадин Села, по состанокот изјави дека не ја напушта(ат) владината коалиција убеден дека со премиерот Заев одново ќе се сретнат да усогласат условите за останување во коалицијата.

Во изјавата на Села немаше ни збор за Министерствотоз за здравство за кое АА смета дека им припаѓа согласно коалициониот договор и сега по заминувањето на Арбен Таравари, кој се кандидираше и беше избран за градоначалник на Гостивар.

Села, по враќањето од САД, во средата изјави дека нема да прифати функција вице-премиер за неговите кадри во замена за Здравство.

Тој саркастично забележа дека му предложил на премиерот да формира „министерство за носење бурек“ и дека таа позиција ќе ја отстапи на ДУИ.