Села: Оние што сакаат да ги укинат бадинтерот и балансерот ќе добијат одговор на 8.5! – Нема да го дозволиме тоа во Собранието!

„Европскиот фронт од Врапчиште, Гостиварско, им испрати порака на сите, кои сакаат да ги укинат заштитните механизми на бадинтер и врамнотежувачот (балансерот) дека ќе добијат одговор на 8 мај. Зијадин Села рече дека пратениците на Европскиот фронт  нема да дозволат такво нешто во Собранието.“ објави ТВ Алсат.



ТВ Алсат дополнува во веста: „Овие заштитни механизми можат само да се унапредат. Ова се браната и црвената линија, која ја ветува Европскиот фронт пред граѓаните, ставајќи им го ова на знаење на оние, што се осилија да ни го одземат правото да се чувствуваме рамноправни.“ – рече Зијадин Села од Европскиот фронт.