Лидерот на крилото во Алијансата за Албанците Зијадин Села синоќа од средбата со своите партиски структури, одржана во Скопје, се огласи со тврдење дека, наводно, „ВМРО ДПМНЕ дошла на власт со противалбанство, а албанскиот политички чинител во власта не прави ништо“. Ова го објави ТВ 21.
Инаку, на својот фејсбук-профил Села ја постави видео-снимката од своето истапување синоќа во Скопје, во кое, покрај другото, изнесе: „Дојдоа на политичката сцена со противалбанство, спроведувајќи цела кампања, за да го отстранат балансерот, правото на употреба на албанскиот јазик. Ова денес и го остваруваат. Албанскиот политички чинител во владата не прави ништо, напротив го легитимизира и го релативизира злото, што ни се заканува како на народ. Нам ни се одземаат колективните права како на народ, нам, кои сме живееле отсекогаш на овие наши прадедовски албански територии, уште пред да се основаат овие држави, кои ги носат имињата, што ги имаат денес.“
Села кажа и дека „Алијансата за Албанците не страдала никогаш за власт“. Тој најави одржување вакви средби и во Куманово, Тетово и други населени места во Македонија, каде што живеат Албанци.
Home Македонија Села: На албанскиот народ, кој живеел отсекогаш овде на своите прадедовски албански...





