Села: Нападите врз Албанци во Куманово се сценарио на „Српски свет“ и нивните аргати во Македонија

 

Крилото на Алијанса за Албанцитѕе (АА) на Зијадин Села, реагира на настаните во Куманово, во кои изгореа автомобили и приватна канцеларија.



Од АА велат дека вербалните закани, јазикот на омраза и антиалбанската реторика поттикната од владините политички експоненти и националистичките групи, почнале да се реализираат во пракса преку напаѓање Албанци и нивниот имот.

„За жал, како и во минатото така и сега, Куманово повторно е избрана за арена за опасни сценарија и следен удар за Албанците.

„… јавно прашуваме кој стои зад целата оваа кампања и кој си игра со оган? Можеби таканаречениот „Србски свет“, заедно со нивните слуги во Македонија, сакаат слична дестабилизација како што се обидоа пред денови на Косово.

Приведено лицето кое ја откорна таблата од српскиот конзулат во Куманово

Следејќи ги со загриженост состојбите и последните случувања, ве повикуваме граѓаните да бидете внимателни и да не станете плен на вакви провокации и сценарија, а Владата и надлежните институции итно да дејствуваат да ги спречат.

Ги повикуваме албанските партии во Владата да стават крај на нивната авантура за која од почеток ги предупредувавме и да не станат марионети на нивните партнери кои отворено ги искажаа своите планови против Албанците, туку да се вратат кај народот и заедно да ја запреме оваа опасна кампања“, велат од крилото на АА на Села.

АШ ја повикува меѓународната заедница директно да интервенира за да се запрат овие акции и оваа кампања која ја загрозува не само земјата, туку и целиот регион.Телеграфи