Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека преговорите за проширување на Европскиот фронт траат веќе долго време и ќе продолжат со АА, ДПА и ЕДП, но и со турски, ромски и со партии на бошњаците.
Но, има незадоволство во крилото на АА на Зијадин Села и во Европска демократската партија (ЕДП) на Арјанит Хоџа од понудата на ДУИ за позициите во листите за пратеници.
Извори на ТВ21, велат дека на Хоџа му билке понудени непобеднички позиции во ИЕ6, па тој ќе биде осми по ред, а во ИЕ2 Бастри Бајрами е петти.Зијадин Села, кој најави самостоен настап на неговото крило од АА на изборите, за ТВ 21 рече дека „кога ќе има нешто да каже, ќе ни се јави самиот“.
Села претходно негираше дека има договор со ДУИ.






