И на годинашново доделување на наградите на 10 декември, втора година по ред, нема да има ниедна жена. Статистиката на доделените нобелови награди покажува дека само секој 20 „нобел“ оди во раце на жена.
Бројот на добитнички на оваа престижна награда се зголеми во последниве децении, што не е особено достигнување со оглед на фактот дека во првите дваесет години од доделувањето на нобеловата наград, помеѓу 1901 и 1920, само четири беа доделени на жени.
А вкупно досега само 48 жени биле меѓу вкупно 896 добитници.
Најмлаку добитнички има на полето на економија, физиката и хемијата.
Елинор Остром е првата и единствената жена која некогаш доби Нобеловата награда за економија, за физика беа доделени две и четири за хемија.
Парадоксално, но единствената жена која двапати доби Нобеловата награда, Марија Кири, доби „Нобел“ токму за физика во 1903 година и за хемија во 1911 година.





