Сеизмолошката опсерваторија објави мерки што треба да се преземат пред, за време и по земјотрес

Мерки што треба да се преземат за заштита пред, за време и по случен земјотрес може да видат со скенирање на кју-ар код што може да се најде на фејсбук-страницата на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.



Во брошурата, која може да се отвори со скенирање на кју-ар кодот, се наведуваат сите мерки што се корисни да се знаат и се однесуваат на тоа што е потребно да се има подготвено во случај да има земјотрес и каде и како граѓаните треба да се засолнат.  

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fpermalink.php%3Fstory_fbid%3Dpfbid08QjfP8sgA3XeoK1z48Y274GGFYDA44T36D9VdQN2vLXLf7auZq1EoQRKD7jnk6fel%26id%3D100090171777011&show_text=true&width=500

Од Сеизмолошката опсерваторија велат дека во случај на почувствуван земјотрес граѓаните треба да се јават на единствениот телефонски број за итни повици 112.

Оттаму упатуваат и апел за пополнување на прашалникот за почуствуван земјотрес, податоци за кои велат дека се големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија.

Потсетувањето од Сеизмолошката опсерваторија доаѓа по денешните два земјотреси што беа почувствувани од жителите на Скопје, Велес, Гостивар, Свети Николе и околните населени места.