Седум израелски војници загинаа во Газа

Израелската војска соопшти дека седум војници биле убиени во напад во јужна Газа во вчера, што е најсмртоносниот ден за израелската војска по прекинот на примирјето со Хамас во март, објави Ројтерс



Поручник, тројца водници и тројца наредници, членови на баталјон за борбено инженерство, беа убиени вчера во градот Кан Јунис, на југот на Газа, кога експлозивна направа поставена под нивното возило експлодираше и предизвика пожар.

Друг војник бил сериозно ранет во одделен инцидент.

Премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денешниот ден е „многу тежок ден за народот на Израел“ .

„Заедно со сите граѓани на Израел, јас и мојата сопруга тагуваме и ја чувствуваме болката поради загубата на седуммина наши војници, нека им почиваат душите во мир…“, рече Нетанјаху во официјално соопштение.

Тој додаде дека израелскиот народ „изразува искрено сочувство до семејствата кои ги загубија своите најскапоцени работи“.

Израелската армија минатиот месец нареди евакуација на населението од Кан Јунис пред „невиден напад“, пренасочувајќи ги цивилите кон крајбрежна област во западна Газа, каде што беше започната нова фаза од воената офанзива.

Според податоци од израелската армија, 19 војници биле убиени од почетокот на јуни во борбите во Појасот Газа.

Во воздушна и копнена офанзива на Израел во Газа загинаа повеќе од 56.000 Палестинци,раселени се речиси 2 милиони луѓе и предизвикана е криза со глад.