Алармантно предупредување од претседателот на Светската атлетска федерација Себастијан Коу на десет дена пред почеток на планетарното атлетско првенство што ќе се одржува во Лондон. Тој смета дека е утопија да се мисли дека новиот мундијал ќе мине беа допинг случаи.
“Ние се обидуваме да го сведеме допингот на минимум, но секогаш постојат луѓе кои сакаат да мамат во спортот” вели Коу.
Светското првенство се одвива од 4. до 13. август на Олимпискиот стадион во Лондон, а во центарот на вниманието е најбрзиот и најчистиот човек во атлетиката Усаин Болт кој ќе му каже збогум на тартанот.




