„СДС цел месец не покажува доблест да се извини и упорно се обидува да го заштити Груби. Наместо одговорност, тие ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека токму СДС беше онаа која му овозможи на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, „тие беа водени од единствениот нивни приоритет – останување на власт,“
Владејачката партијата оценува дека декларативните изјави и формалните обиди на СДСМ да се огради од ДУИ се неубедливи и провидни.
„Народот знае дека зад секоја криминална активност на Груби стоела премолчана поддршка од СДС.“
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ се наоѓа на крстопат и дека, ако сакаат да покажат капацитет за внатрешни реформи, неопходно е јавно да се извинат за криминалот на Груби.
„Доколку тоа не го направат, само ќе докажат дека и понатаму го штитат и се дел од истите структури кои со години работат на штета на државата и граѓаните,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.





