„Станува збор за приватна посета и нема да коментираме приватни посети“.
Ова e одговорот од опозициската СДСМ за Плусинфо за тоа во какво својство партискиот лидер Венко Филипче патувал во Дубаи, дали патувал сам или бил придружуван од некого, кој ги платил трошоците за патувањето и дали тој со поранешниот партиски лидер и премиер Зоран Заев водел разговори од значење за партијата или за државата.
На денешната прес-конференција на Филипче во Собранието, тој кратко одговори дека станува збор за приватна работа.
– Апсолутно не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот – рече Филипче.
Извор:https://plusinfo.mk/sdsm-a-potvrdi-zhurkata-na-filipche-i-na-zaev-vo-dubai-privatno-bilo-nemalo-shto-da-se-komentira/





