СДСМ пак направи превид? Сопругата на министерот Муцунски не била во брак

СДСМ изнесе сомнежи за тоа дека сопругата на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски е во Вашингтон на Самитот на НАТО. Сепак се испостави дека ова е уште „една од низата лаги на СДСМ и ефектот од ПР на Рејтинг на Спасов“, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Прво лажат, па потоа се извинуваат, како што лажеа за директорите во МЕПСО, така лажеа и за патувањето на сопругата на Муцунски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС вчера беа фатени како ноторно лажат. Наводниот скандал за директори во МЕПСО пукна во голема срам за таа партија, ниту синот на Ѓорѓе Иванов е директор во МЕПСО, ниту сопругата на водителот Богдан Илиевски. СДС виде дека не им помина лагата, и наместо гнев кај народот за ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа дополнително гадење од СДС.

Исто како што лажеа вчера за МЕПСО, излажаа и за патувањето на сопругата на Муцунски во Вашингтон, кое не се ни случило.

Во рок од неколку дена СДС се фатени во две огромни лаги, тоа е ефектот од ПР на Рејтинг на Спасов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сопругата на Муцунски не била во Вашингтон. Информацијата за наводното патување на сопругата на Муцунски ја демантираа од МНР.