Опозициската СДСМ е отворена за разговори и вклучување на членовите на УЧК или ОНА како дел од законското решение со кое треба да се надмине проблемот со македонските бранители?
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска вели дека партијата е отворена за разговори за бранителите на ОНА да бидат дел од законско решение како предлогот кој го поднесе Славјанка Петровска или познат како закон за бранители.
Транскрипт од изјавата на Богданка Кузеска за емисијата Дејли Клик на ТВ21:
Б.К. Не станува збор само за 2001-ва, туку дека може да се зборува и за припадниците на ОНА. Но дефинитивно гледаме двојни стандардни во Собранието од страна на претседателот Гаши, кој покажува дека ВМРО-ДПМНЕ тотално го толерира само за да си опстане коалицијата.
ТВ21: Значи вие сте отворени за измени на тоа предлог законско решение и да се додадат членовите на ОНА?
„Дека може да се бара решение“.
ТВ21: Во исто законско решение?
„Тоа не би можела да го знам, бидејќи предлагач е Славјанка Петровска. Но она што го знам како партија, дека може да се зборува и да се бара решение секако“, додава Кузеска.






