По пожарот кој се случи откако СДСМ се пофали дека ќе се реновира
Бихаќка го обвини ВМРО-ДПМНЕ за Универзална сала.
Според партијата на Ковачевски ВМРО-ДПМНЕ ја оставила Универзална сала да се распаѓа, иако бил започнат процесот за реконструкција од страна на претходната локална власт на СДСМ.
,,Култниот објект и симбол на Скопје, две години го оставија на забот на времето, да пропаѓа и од внатре и од надвор, па дури и предавањето на реконструкцијата на Универзална сала на Министерството за култура им беше проблем.
ДПМНЕ во програмата за локланите им вети на граѓаните реконструкција на Универзална сала, тоа не се случи.
Тоа е уште едно неостварено ветување на неспособната локалната власт на ДПМНЕ и нивната градоначалничка во Скопје.
Ветуваа модерно Скопје, а испорачаа хаотичен и нечист град, со нефункционални јавни претпријатија, потонати во долгови”, стои во соопштението на СДСМ објавено откако вчера Универзалната сала изгоре во пожар.





