На редовни внатрепартиски директни избори, Социјалдемкратскиот сојуз на 16 март ќе избира нов претседател, одлучил Централниот одбор на партијата, објави Фокус.
„Согласно статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ, кои ќе се одржат на 16 март 2025 година.
СДСМ е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите“, се наведува во соопштението од партијата.
Централниот одбор на седницата што ја одржал денеска избрал нов состав на централната изборна комисија и го усвоил правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата.
На седницата бил одобрен и планот за интензивни теренски активности кои ќе почнат овој месец, а кои предвидуваат средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно, како што информираат од СДСМ, ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година.
Сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува, уверува Филипче по изборот за нов лидер






