СДСМ влегува силно во претстојните изборни предизвици

СДСМ од средба во Карбинци објавува дека влегува силно во претстојните изборни предизвици.



СДСМ објавува дека работи активно на терен и објавува слики од работна средба во Карбинци со организацискиот секретар Мартин Костовски и координаторот Мики Тодоров.

,,Се дискутираше за тековните подготовки за локалните избори, процесот на предлагање кандидати и мобилизација на партиската структура.

Со мотивирани тимови и јасни цели, СДСМ Карбинци влегува силно во претстојните изборни предизвици”, пишува во објавата на СДСМ.