СДСМ ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална трансформација.
Министерот Стефан Андоновски на прес-конференција го призна скандалот со тендерите во неговото министерство. Но, наместо да понесе одговорност, да се извини и да поднесе оставка, тој дрско ги бранеше договорите за тендери кои завршиле кај сопругот на Државната секретарка Клинчарова, рече Богданка Кузеска
Таа тврди дека ова претставувало јасен случај на конфликт на интереси, непотизам и основан сомнеж за корупција.
-Министерот Андоновски не може да се извлече со обидите да го релативизира случајот, тврдејќи дека Државната секретарка не учествувала во постапката.
Државниот секретар раководи со целата администрација во секое министерство. Со други зборови, Клинчарова била надредена на сите кои биле вклучени во тендерската постапка што завршила кај нејзиниот сопруг.
Државната комисија за спречување на корупцијата но и Јавното обвинителство мора веднаш да преземат конкретни чекори!
Ова не е само прашање на злоупотреба на функцијата – ова е директен удар врз довербата на граѓаните во институциите!
Мора да има целосно расчистување на коруптивните шеми на власта.
А Министерот Андоновски веднаш треба да поднесе оставка за да не влијае на постапката, рече Кузеска.





