„Откако го пушти да избега бараниот со потерница и за екстрадиција поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово кого Србија го осомничи за воени злосторства, судијата Пајазит Пајазити за само неколку дека го спаси од затвор и Иџет Мемети, функционер од највисок ранг во државата, фатен како зема мито и за тоа призна вина“, пишува порталот СакамДаКажам.
Пајазити е заменик е на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.
Иџет Мемети беше фатен во криминалот што го призна како член на Советот на јавни обвинители. Претходно, во два мандата (16 години) беше Народен правобранител.
(…)
Истиот судија на претходна постапка не одреди притвор ни за групата која упадна во Контролната кула на Скопскиот аеродром на почетокот на јануари годинава, предводена од високиот функционер на ДУИ Беким Незири, потсетува СДК.






