Архиварка во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово, по речиси 7 години останала без работа затоа што новиот в. д. директор Херолинд Сакипи не ѝ го продолжил договорот, дознава порталот Сакам да кажам
На кумановката Сашка Димковска, договорот за работа ѝ завршил на 30 август, по што ѝ било кажано да почека неколку дена да добијат насоки од Министерството за здравство бидејќи дошло до смена на власта, а во меѓувреме на нејзиното место била вработена друга жена – Албанка.
(…)
Димковска вели дека договорот не ѝ е продолжен само заради партиски вработување на новата власт, односно од в. д. директорот Сакипи, кој е од коалицијата „Вреди“ и по професија е правник.
Од Центарот за јавно здравје во Куманово велат дека Димковска била вработена со договор на дело и поради тоа тие немаат обврска да ѝ даваат какво било образложение, затоа што таа самата го потпишала договорот кој ѝ завршил на 30 август.
Целиот текст на следниот ЛИНК





