Светските ѕвезди донираат за жртвите од ураганите во САД, Тејлор Свифт уплатила дури 5 милиони

Најбогатата музичарка во светот, пејачката Тејлор Свифт, донираше пет милиони долари за помош на погодените од ураганите „Хелен“ и „Милтон“, соопшти организацијата „Feeding America“.



  • Овој придонес ќе им помогне на заедниците да се обноват и да закрепнат, обезбедувајќи ја многу потребната храна, чиста вода и залихи на луѓето погодени од овие разорни бури“, рече извршната директорка на Feeding America, Клер Бабинек-Фонтенот, објави Sky News.

Најбогатата музичарка во светот, со пријавено богатство од 1,6 милијарди долари, не е единствената кој донира пари за жртвите од ураганот. И кантри уметникот Морган Вејлен донираше голема сума – 500.000 долари. Парите ги уплатил на сметката на Американскиот Црвен крст.

Помош за жртвите од ураганите кои ја погодија Америка даде и познатата Доли Партон. Таа донираше 1 милион долари на непрофитна организација од Тенеси, Mountain Wise Foundation.

Инаку, Националниот центар за урагани со седиште во Мајами, измери максимална брзина на ветрот од 205 километри на час за време на ураганот „Милтон“ на Флорида.

Тејлор Свифт донираше 5 милиони долари за помош на областите погодени од ураганите Хелена и Милтон.

  • Ние сме неверојатно благодарни на Тејлор Свифт за нејзината дарежлива донација од 5 милиони долари“, напиша извршната директорка на Feeding America, Клер Бабинео-Фонтен на Инстаграм. „Овој придонес ќе им помогне на заедниците да се обноват и закрепнат, обезбедувајќи основна храна, чиста вода и залихи на луѓето погодени од овие разорни бури“, додаде таа.

Ова не е прв пат во последно време најбогатиот музичар на светот да донира пари за помош на сиромашните. За време на турнејата Ерас, во градовите каде што настапувала, таа редовно донирала на локални народни кујни и организации кои им помагаат на оние со послаба финансиска состојба.

Во 2016 година, таа донираше за жртвите од поплавите во Луизијана, во 2017 година донираше пари за погодените од ураганот Харви, а во 2020 година донираше 1 милион долари за помош на жртвите од торнада кои уништија домови и убија најмалку 24 луѓе во Тенеси, каде што започна нејзината кариера.

Во 2023 година, таа ја повтори донацијата во истата сојузна држава по новите разорни торнада. За потсетување, Свифт официјално стана најбогатиот само-збогатен музичар во светот со проценета нето вредност од 1,6 милијарди долари.