Саудиска Арабија со ембарго ни откри што се случува во Македонија

 

 

 

Поради регистрирана инфективна анемија властите во Саудиска Арабија вовеле забрана за увоз на коњи од Македонија. Оваа опасна инфекција што се јавува кај коњите е забележана и во Шпанија поради што судиските власти привремено забраниле секаков извоз на овој вид животни или месо од нив во кралството.



Видот кој е регистриран во Македонија може да се појави и кај зебрите и кај магарињата.

Според властите во Ријад одлуката е донесена врз основа на информациите од Светската организација за здравје на животните  и извештаите за инфективна анемија во Македонија и Шпанија.

Македонските власти досега не информирале дека во земјата е забележана ваков вид на опасна инфекција кај коњите или магарињата.