Лозовиот лист е популарна храна во медитеранска кујна. Познат како чувар на срцето, тој има малку калории, а е богат со многу витамини.
Ако сте љубител на сарма од лозов лист ви предлагаме да се обидете со нашиот рецепт бидејќи сармите подготвени на овој начин се вкусни и многу сочни.
Потребни состојки:
-50-60 листови од лоза
-500 гр мелено месо
-2 главици кромид (или 2-3 врзопчиња млад кромид)
-2 моркови
-1/2 китка магдонос
-150 гр ориз
-1 јајце
-1 лажиче мешан зачин
-1 лажиче црвен пипер
-сол и бибер

Подготовка:
Листовите се бланшираат (само кратко да зовријат во врела вода), се цедат и се оставаат да се оладат.
Кромидот и морковот ситно се сечкаат и се пржат додека да омекнат. Се додава месото, сето се меша, се пропржува и потоа се додаваат магдоносот и оризот, и се зачинува со мешан зачин, црвен пипер, сол и бибер. Сето се промешува да се изедначи, се трга од оган, се додава 1 јајце и повторно се промешува. Со овој фил се филуваат листовите, се виткаат и се редат во тенџере или (земјена) тава, се полеваат со врела вода (да ги покрие сармичките околу 4-5 см над нив). Се вари 2 часа на тивко или се пече во рерна покриено со фолија.





