Сарито со сини ознаки какво што носеше светицата Мајка Тереза е интелектуална сопственост на нејзиниот ред „Мисионери на милосрдието“.
Белото сари со три сини линии се смета за засебен симболички идентитет на редот и затоа индиското Биро за заштита на интелектуална сопственост и регистрација на заштитени трговски марки три години откако било поднесено барање за заштита на овој вид сари дало позитивен одговор.
Редот „Мисионери на милосрдието“ основан од скопјанката Мајка Тереза која што беше канонизирана од страна на католичката црква како Светица Тереза од Калкута го добила правото да располага со овој дезен на традиционалната индиска облека „сари“ уште во 2016 на денот кога таа е канонизирана, но редот не верува во публицитет и затоа досега ова не било познато на јавноста, изјавил за индиските медиуми адвокатот за интелектуална заштита Бисвајт Саркар.






