По пресвртот во случајот на Алексис Санчез кој сакаше да остане во Арсенал, па сега по секоја цена сака да си оди, и тоа во Премиерлигашкиот ривал Манчестер Сити, на клубот од Лондон му остана само да набива цена. Чилеанецот има договор само до 2018. година и ако не потпишува со Арсенал, тогаш за топџиите е подобро и да си оди, а тие да земат доста пари.
Од Манчестер Сити велат 50 милиони фунти, но на Емирејтс стадионот размислуваат за 80 милиони, што е проблем, но не е нерешливо, особено што постои цврста определба на Санчез од август да заигра под водство на Пеп Гвардиола.






