Полека, но сигурно се враќа водата до домаќинствата, активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод во завршна фаза, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Откако екипите на претпријатието започнаа со работа уште во раните утрински часови. Повеќе од 160 вработени инженери, водоинсталатери, техничари и оператори, работеа на отстранување на дефектот на главната цевка, поради кој две третини од Скопје останаа без вода.
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје и во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата. Ова го соопштив денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, од улица „Никола Парапунов“, местото каде што минатата недела настана главниот дефект со излевање на водата.
- Би сакала да им се заблагодарам на техничките и стручните лица од ЈП „Водовод и канализација“ за храброста што ја имаа и што ја истакнаа својата експертиза и стручност за овој повеќедецениски проблем кој го завршија во рекордно време, рече Арсовска.

Во извршувањето на оваа реконструкција, Арсовска рече учествувале повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.
Директорот на „Водовод и канализација“ кој ја координираше целата операција рече дека се работело на 10 критични места во Скопје и дека активностите биле во завршна фаза. Побараа трпение од граѓаните уште неколку часови додека водата не се врати целосно во нивните домови.

- „Се променија пет воздушни вентили каде што имаше заробен воздух во цевководот, за подобрување на водоснабдувањето. Исто така се направија поправка на два затворачи Ф-700 милиметри, еден затворач Ф-600 милиметри, еден затоврач Ф-500 милиметри“, изјави Тони Миновски директор на градското претпријатие „Водовод и канализација“.
Водата ќе ја има во чешмите, но од институтот за јавно здравје со превентивни препораки и мерки за внимателно користење бидејќи е потребно повеќе време за да истата биде безбедна за користење.

Оваа акција е за добро на сите граѓани велат надлежните градот и бројот на крисници континуирано расте и затоа е потребно подобрување на параметрите и капацитетот на главниот водоснабдителен систем. Надлежните само жалат за паниката што се креираше во јавноста.

Интервенцијата инаку започна уште во текот на ноќта, а она што остави лош впечаток во јавноста беше надмениот однос на градската власт која до последен момент ги држеше скопјани во неизвесност. Па така бевме сведоци како граѓаните мораа да купуваат галони вода во маркетите каде се празнеа рафтовите.
Најчитани статии Една од македонските херои кои вчера спасиле многу животи по терористичкиот нападНајнова анкета покажува дека Мицкоски води 7:1 пред ФилипчеЕдна од македонските херои кои вчера спасиле многу животи по терористичкиот напад
Најнова анкета покажува дека Мицкоски води 7:1 пред Филипче





