Од 3.504 македонски бграѓани што се изјасниле како Бугари на последниот попис од 2021 година само 61 се регистрирал да гласа на претстојните парламентарни избори во Бугарија, објави Министерството за надворешни работи во Софија.
Три четвртини од пријавените или 45 граѓани на Македонија се од Прилеп, 10 се регистрирани во бугарската Амбасада во Скопје, петмина ќе гласаат во конзулатот во Битола, а по еден во Струмица и во Охрид.
Овој број може да биде поголем со оглед на тоа дека може да се гласа и без претходно пријавување.
Бројката од 61 заинтересиран за гласање е двојно помала од последните избори за бугарскоито Собрание во јуни, кога во Македонија беа регистрирани 120 Бугари што сакаат да гласаат, и тоа во Скопје, Битола, Кавадарци, Струмица, Велес и Охрид.
За изборите пред тоа, пак, беа регистрирани 461 гласач опд Македонија.
За споредба, на изборите закажани за 27 октомври во Албанија се регистрирани 174 Бугари во Тирана, Елбасан, Корча и Кукс.






