Да се создаде бизнис клима предвидлива за стопанството што ќе го намали трошокот и времето на фирмите во делот на административните и бирократските барања. Ова е една од клучните препораки на Светска Банка, оти Македонија, според најновиот извештај, има најлоши резултати во однос на јавните услуги, споредени со земјите од регионот.
Ако сакаме да се развиваме како држава мора да плаќаме даноци и да ја сузбиваме сивата економија, со цел да се стимулира економијата, велат од УЈП. Според директорката, транспарентноста мора да биде на високо ниво, и да не се дозволи да се прават грешки.

И од ВМРО-ДПМНЕ се согласуваат дека мора да се работи за земјава да има добри резултати. Факт е дека постои голем јаз во јавните услуги и тоа мора да се реши. Се работи на подорување на услугите. Се работи на велз на нови инвестиции. Домашното стопанство мора да заживее, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски одговара дека следат реформи за да се подобри животниот стандард. Рекордно високото ниво на капитални инвестиции и елиминирањето на дел од административните бариери, треба да привлечат нови странски инвеститори. Инаку Светска банка претходно побара од Владата низа зголемувања на даноци, придонеси и услови за одење во пензија.
За економската клима дебатираа претставници од бизнис секторот, професори, работодавачи. Сите беа едногласни дека мора да има сериозни реформи ако сакаме да се развиваме како држава.

Бизнисот има проблем онаму каде што не треба да го има, вели експертската фела. Затоа сите мора да дадат придонес за подобрување на услугите и поместување чекор напрд на секое поле.
Од Фискалниот Совет велат дека македонските граѓани и фирми треба да ја променат свеста, бидејќи никој не сакал да плаќа даноци, а сите барале подобри услуги кои се финансираат од буџетот. Сепак, нотираат дека наплатата на даноците значително се подобрила во изминатите 4 месеци.
Проекциите на Светска банка не се оптимистички па затоа се изразува и загриженост за јавната администрација, здравството и образованието и корупцијата. Присуствуваа претставници од бизнис секторот, професори, работодавачи. Сите беа едногласни дека мора да има сериозни реформи ако сакаме како држава да одиме напред.





