Самоубиството на првоборецот Славе Георгиевски-Шнајдерот на 12.7.1942 во Скопје, за да не го фатат жив бугарските фашистички окупатори

На денешен ден, на 12 јули во 1942 година во Скопје се самоубива Славе Георгиевски – Цината (Шнајдерот), борец за слободата на Македонија, пукајќи си во главата со последните куршуми, а според некои други сознанија, активирајќи ја бомбата, за да не им падне жив во рацете на бугарските фашистички окупатори. Во своја објава на фејсбук за 82-рата годишнина од смртта на овој македонски патриот и деец за создавањето на македонската држава потсетува и д-р Александар Литовски, професор во Иаститутот за национална историја во Скопје.



Славе Георгиевски – Цината (Шнајдерот) е македонски партизан и учесник во НОВ. Тој е роден во 1923 година во Скопје и уште како млад ги чувствува последиците од великосрпскиот хегемонизам и гнет над македонскиот народ. Како млад работи на различни занаети, а најмногу му „легнува“ шивачкиот занает. Од тоа ќе му остане и другиот прекар “Шнајдерот”. Дел е од бунтовната младина на Скопје и учествува во нејзини активности против режимот.

Во 1941 година бил примен како член на СКОЈ. Развил широка активност меѓу работничката младина за придобивање нови симпатизери на Народноослободителното движење, собирал народ на помош за партизаните, растурал летоци и слични логистички активности. Со доаѓањето на Бугарите во 1941 год. и новото ропство Благоја застанува во најистурените редови на македонскиот отпор. Ѝ се приклучува на една од повеќето диверзантски групи, кои низ Скопје и пошироко им задаваат главоболки на Бугарите, кревајќи во воздух железнички композиции во воздух, до складови и објекти, но вршејќи атентати врз бугарски агенти.

Летото 1942 година Месниот комитет на КПЈ во Скопје му доверил сложена и одговорна задача на Славе Георгиевски – Шнајдерот. Бил одреден со група млади диверзанти да го ликвидира познатиот бугарски агент и предавник Мане Мачков, кој бил секогаш обезбедуван од бугарски фашистички агенти. Мачков веќе куртулил од еден атентат и минал само со рана во рамото. Месниот комитет на КПЈ  наредил по секоја цена да се ликвидира овој бугарски шпион, вработен во Обласната полициска станица, зашто ги знаел сите илегалци, семејствата, локациите и сл. Мачков бил домашен петоколонаш, па Бугарите преку него најмногу доаѓаа до информации.

На 12 јули 1942 година, во близината на поранешното Економско училиште во Скопје на Мачков му била поставена заседа од тројка, во која бил ѝ Славе. Кај контролата пред Монополот Славе минува без да стане сомнителен, но двајцата други од тројката – Џевдет и Петко се задржани. Гледајќи дека полицијата ќе им го најде оружјето, Славе за да го одвлече вниманието од нив се засолнува зад едно дрво и пука врз еден бугарски полицаец, најпрвин тешко ранувајќи го, а подоцна овој полицаец им подлегнува на раните.

Настанува потера со трчаници низ скопските улички по Славе, кој одвреме-навреме ѝ возвраќа на полицијата со истрели од пиштолот. На Бугарите од сите страни им стигнува помош од полициско-воени сили, а на Славе му привршува муницијата. Кога доаѓа и до последниот куршум, гледајќи дека е во целосен обрач и за да не падне жив во бугарски раце, Славе Георгиевски се самоубива, полагајќи го својот млад живот на олтарот на слободата на поробената татковина Македонија.

Преземено од: Википедија и фејсбук-профил Македонија