Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот со заканите што ги добивал судија од Уставниот суд, а за кои пријава во полицијата поднесе претседателот на Судот, Дарко Костадиновски.
Од МВР ја потврдуваат добиената пријава од Костадиновски и информираат дека заканите до уставниот судија биле испратени преку социјална мрежа од лице со иницијали С.И.
ТВ Сител открива дека Самка Ибраимовски на фејсбук пишувал против судијата на уставниот суд Ана Павлова Данева, откако судиите дозволија извршителите да продолжат да наплаќаат долгови.
Ибраимовски веќе добил повик да оди во полиција. Негира дека написите против судијата Ана Павловска Данева се закани по нејзиниот живот.





