Хозе Оливеира дос Сантош Итало доаѓа од Бразил и е класичен шпиц, а Мустафа Куајнор од Гана настапува во средниот ред. Тоа се најновите засилување на македонскиот фудбалски шампион Вардар.
Итало потпиша едногодишен договор и треба да биде замена за Џонатан Балотели во нападот кој минатата седмица замина во Катар. Станува збор за 29 годишен играч кој доаѓа од бразилскиот клуб Регатас, а претходно има настапувано за португалскиот клуб Маритимо, како и за бразилските екипи Аудаш и Интернасионал.




Мустафа Куајнoр кој е далеку помлад,има 22 години, потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, со можност истиот да биде продолжен на уште една. Претходно играл во клубови на Кипар и во Австралија. Последни негови клубови се австралиските полупрофесионални нисколигаши Сент Албенс и Паское Вале.