„Претседателот на Алтернатива Беким Сали реагираше по средбата, што ја одржа Европскиот фронт вчера во Тетово. Сали нагласува дека ‘мобилизирањето на членството од страна на ДУИ, за да дојде на власт, е показател дека Али Ахмети одбегнува да ги направи внатрешните партиски реформи’. Според Сали, ‘ова е штетно првин за ДУИ, а потоа и за Албанците и државата’.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
Алфакс ја пренесува натаму реакцијата на претседателот на Алтернатива Беким Сали, во која тој истакнува: „Ахмети и ДУИ треба да признаат дека коруптивните практики како што се ‘Соравија’ и ‘Казина’ се виновници за уривањето на ДУИ во главните албански подрачја. Следувателно, ДУИ треба да ги реконфигурира своите редови и да се залага за легитимитет меѓу своите поддржувачи, што би поттикнало создавање силна опозициска и политичка средина. Партија, која 20 години на власт не успеа да дефинира што е легитимитет и како се дефинира тој, бидејќи е потоната и е фатена во корупција, единствениот спас да закрепне е во опозицијата.“





