Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан вели дека САД засега нема системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можела да и ги достави на Украина.



Во пакетот помош од САД го нема тоа што на Украина најмногу и треба

„Американските системи ‘Патриот’ моментално се распоредени низ целиот свет, вклучувајќи го и Блискиот Исток, за да ги заштитат американските трупи. Ако можеме да ослободиме дополнителни американски батерии, ќе ги испратиме во Украина“, изјави Саливан во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

Тој додаде дека САД се обидуваат да ги убедат партнерите во Европа и другите делови на светот да го снабдуваат Киев со постоечките ПВО системи.