Наставничка по математика од сојузната американска држава Мисури, која признала дека имала сексуален контакт со ученик (16) додека другите гледале, е осудена на четири години затвор, објави Индепендент.
Хејли Никел Клифтон (26) признала дека имала „сексуален контакт“ со ученикот.
Тоа признанието го дала за да не одговара и по други точки од обвинението: загрозување на благосостојбата на дете, силување од втор степен, сексуален однос со ученик и четврт степен злоставување на дете.
На наставничката и е наредено да заврши програма за лекување.
Судијата рече дека ќе добива извештаи за напредокот на секои 90 дена, а во зависност од тоа како ќе се однесува, Хејли би можела да добие условна казна и казната да и биде заменета со условна.






