Американскиот демократски сенатор Шерод Браун го повика Бајден да го забрани увозот на кинески електрични автомобили во САД.
„Електричните возила од Кина се егзистенцијална закана за националната автомобилска индустрија. Не можеме да ја дозволиме оваа измама“ – напиша Браун во објавата на Твитер.
Браун е сенатор и претседател на банкарската комисија во Сенатот и освен што ги застапува интересите на Охајо, работи и во автомобилската индустрија и ќе се обиде да освои четврти мандат на ноемвриските избори.
Тој не е единствениот што бара ревизија на бизнисот со Кина.
Кина е најголемиот светски производител на автомобили и е во трка со Јапонија да биде најголем извозник.
Барањето за забрана за електричните автомобили доаќа поради стравувањата дека технологијата на возилото ќе ги снима американските градови и ќе собира чувствителни лични податоци.
Досега имаше повици од различни инстанци за зголемување на царините за увоз на електрични возила од Кина, но ниту еден претставник на Конгресот не побара забрана за увоз.
Белата куќа уште во февруари изјави дека ќе ги испита наводите дека кинеските автомобили на американскиот пазар ќе претставуваат ризик за националната безбедност.






