Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин нареди подморница со наведувани ракета, како и носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ што е можно поскоро да исплови кон Блискиот Исток, објави – повикувајќи се на соопштение од Министерството за одбрана Еј-Би-Си њуз



Веста доаѓа во време на напорите на САД и другите сојузници да ги убедат Израел и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот што може да помогне да се смират зголемените тензии во регионот по атентатот на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран и на висок командант на Хезболах во Бејрут .

Посредниците во преговарачкиот процес стравуваат од одмазднички напади и од Иран и од Хезболах, поради што САД го зголемуваат своето присуство во регионот.

Генерал-мајор Пат Рајдер, секретар за печат на Пентагон, рече дека непосредно пред да ја издаде својата наредба, Остин разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и ја потврдил посветеноста на Соединетите држави да ги преземат сите можни чекори за заштита на Израел.

Носачот на авиони УСС Абрахам Линколн, кој се наоѓа во азиско-пацифичкиот регион, веќе беше договорено да ја замени ударната група на носачот на авиони УСС Теодор Рузвелт, кој сега треба да ја заврши својата мисија на Блискиот Исток.

Минатата недела Остин објави дека носачот на авиони УСС Абрахам Линколн ќе пристигне во областа на Централната команда до крајот на август.