Ракометната федерација на Македонија заедно со Словенија поднела кандидатури за домаќинство на едно Европските првенство во машка конкуренција во 2022. година или во 2024. година, и се наоѓа во групата од пет односно три поднесени пријави, до овој момент.
“Ракометните Федерации на Македонија и Словенија изразија подготвеност заедно дa конкурираат за организација на сениорските машки Европски Првенства во 2022 и 2024 година. Ракометната Федерација на Македонија веќе официјално ја испрати својата кандидатура до ЕХФ, а конечната одлука ќе ја даде на Годишниот конгрес во Глазгов на 18. и 19. јуни 2018. година”. се вели во соопштението од РФМ.

“Ракометната Федерација на Македонија во последните години ужива огромна доверба од ЕХФ и ИХФ во однос на организација на настани од меѓународен карактер, за што потврдуваат честите беспрекорни организации на континенталните и светски собири во младинските категории”, дополнуваат од РФМ со надеж дека ќе дојдеме до машко ЕП, а препорака може да биде и одлично изведеното женско сениорско ЕП во 2008. година.





