Рускиот патријарх Кирил против македонската црква!

Српската православна црква треба да го зачува каноничкото единство во сите нејзини историски области.



Ова гледиште на Руската православна црква и бил соопштен на делегацијата на српската Патријаршија, која деновиве беше во Москва.

Желбата да се сочува вечното црковно единство им била пренесена на српските верски водачи лично од Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил.

Ваквиот став се толкува како јасна поддршка за позицијата на СПЦ за неканонската одлука на бугарската Црква да ја стави под своја заштита непризнаената Македонска православна црква, но и за сите други такви обиди, известуваат српски медиуми.

Поддршката на Руската Патријаршија доаѓа по новата напнатост во православниот свет, предизвикана од неканонската постапка на Светиот Синод на Патријаршијата во Софија. На барање, т.н. Македонската цркв – пишува „Новости“ – бугарската Патријаршија официјално ја прифати улогата на „мајка црква“ и главен претставник на македонските интереси во борбата за независност на црквата во таа земја.

И покрај овие обиди, коментира весникот, сите канонски права на овиер простори се исклучиво на страна на српската Патријаршија.