Русија, Турција и исламизацијата главни проблеми на Балканот

Речиси 15 години откако на „Задниот влез“ на Европа му беше речено дека има иднина во ЕУ земјите во Западниот Балкан ја губат надежта. Во меѓувреме руското и турското влијание се зголемува како и националистичката реторика во регионот, вели во својата анализа највлијателниот германски магазин Шпигел. 

Според германскиот медиум фактот што иден премиер на Косово може да биде обвинет за воени злосторства не дава надеж дека во регионот може да се очекуваат позитивни промени. Победата на Харадинај во Косово е дел од регионалната атмосфера во која Македонија, Босна и Херцеговина и Косово со години безуспешно се обидуваат да се приближат до ЕУ.
Разочарувањето е големо поради што регионот се соочува со три главни предизвици, емиграцијата на младите луѓе, забрзана исламизација и пораст на национализмот. Јавните повици за „Голема Албанија“ се само последица од овие процеси.
Според Шпигел пасивноста на ЕУ кој во 2010 година беше именуван како „нитроглицерин зад нашиот грб“ покрај Москва и Анкара ја користат други фактори спонзорирани од радикални ментори во Персискиот залив.
Опасноста од  Голема Албанија е уште еден голем предизвик за кој западот нема решение, смета весникот. Исто како и за засилената исламизација која Косово го стави на прво место на борци во „Исламската Држава“ според бројот на жители што покрај активностите на големиот број радикални свештеници и ектремни исламски групи се должи  и на слободното патување  на Косоварите во Турција. За влез во ЕУ на нив им е потребна виза, потенцира германскиот весник.