Русија не е на списокот на Трамп за царини, но Украина е

 

Иако Доналд Трамп најави реципрочни тарифи за голем број земји, вклучувајќи ги Кина, ЕУ, Индија, Јапонија, Велика Британија и Австралија, Русија не се појавува никаде во документот од 7 страници претставен за време на обраќањето.



Во моментов не е јасно дали Русија е намерно изоставена, дали ќе биде изземена од царинскиот режим или сè уште се разгледува посебен план.

Што се однесува до Украина, Трамп и наметнува царини од 10 отсто.

Белата куќа досега не го коментираше отсуството на Русија.