Русија и Украина на преговарачка маса

Претставници на Украина и Русија денес повторно ќе се сретнат во Истанбул за да разговараат за можните начини за завршување на војната, но изгледите за завршување на војната предизвикана од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година изгледаат далечни.



Имено, ставот на Украина за овој круг разговори вклучува, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, целосно безусловно примирје, ослободување на затворениците и враќање на киднапираните деца.

За да се создаде траен мир, мора да се подготви и состанок на највисоко ниво, рече Зеленски.

Москва го отфрли безусловното примирје, но неодамна сигнализираше подготвеност под голем број предуслови.

„За време на прекинот на огнот, барем е потребно западните земји да престанат да снабдуваат оружје со режимот во Киев и Украина да престане со мобилизацијата“, изјави во петокот рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја.

Разговорите се закажани за 12 часот во градската палата Чираган во градот, соопшти турското Министерство за надворешни работи пред разговорите. Се рабооти за отоманската царска резиденција на Босфорот кој е претворена во луксузен хотел.

Новата средба доаѓа еден ден по еден од најсмелите и најуспешните украински напади некогаш извршени на руска почва, кој стигна до Сибир.

Според украинската Служба за безбедност (SBU), голем, координиран напад со беспилотни летала врз четири руски воени аеродроми погоди десетици авиони, вклучувајќи и стратешки бомбардери.